Груевски, Јанакиески и Пешевски на обвинителна клупа за провизиите за кинеските патишта

Од:

Во кривичниот суд денеска почнува судењето за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата за лични цели.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во 2012 и во 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.

В. М.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески