Во Куманово шаховски турнир за Денот на превенција

Од:

Отсекот за превенција од СВР Куманово започна со реализација на бројни активности со граѓаните, по повод Денот на превенцијата. Денеска во простириите на Црвениот Крст е се одржа традиционален шаховски турнир на кој учествуваа шахисти од МВР, АРМ, Црвен Крст, здруженија на армиски и полициски ветерани и пензионери.

– Целта е да се дружиме да споделиме искуства и на некој начин да ја доближиме полицијата до граѓаните.Ние и претходно соработувавме со пензионерите во рамки на проектот „Заштити го својот имот“, изјави Марјан Павличек од СВР Куманово.

По повод празникот вечерва, во просториите на Ученичкиот дом ќе се одржи состанок со жителите и советодавна група за месната заедница „Бајрам Шабани“. Утре децата од основните училишта ќе имаат можност да ја посетат кумановската полициска станица и да творат на литературен конкурс, но пред се, да се запознаат со работата на полицијата.

– Планираме и свечена активност на која се поканети сите претставници со кои соработуваме на ниво на општината, додаде Павличек.

Од Отсекот за превенција соопштија дека во петок е планирана да се одржи мешана патрола со родители во повеќе кафе барови во Куманово, каде што излегуваат тинејџерите.

Отсекот за превенција од СВР Куманово реализира бројни проекти со граѓаните, со децата, со пензионерите.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка