Новиот закон за високото обрзование е готов и до крајот на месецов ќе биде ставен на ЕНЕР (електронски регистар на прописи ener.gov.mk), соопшти денеска министерката Рената Дескоска во воведното обраќање на регионалната конференција посветена на обезбедувањето квалитет во високото образование. Една од новините кои се предлагаат е измена во функционирањето на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, односно негово одделување во два органа.
Дескоска истакна дека МОН е задоволно од многу добиени предлози од различни институции – универзитети, студенти и од Професорскиот пленум и дека од сите нив произлегол опшст консензус – дека Одборот за акредитација и евалуација онака како што е сега поставен не дава можност за да се посвети доволно внимание на процесот на евалуација односно мерење на квалитетот, туку повеќе е фокусиран на процесот на акредитација.