Кривична за тројца кумановци за разбојништво

Од:

Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца кумановци за разбојништво сторено во маркет во Куманово на 3-ти овој месец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кривична пријава е поднесена против лицата Љ.П. (24), М.А.(18) и Д.Е (18), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво” од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 3-ти овој месец во 18.30 часот во маркет „Елида” на ул. „Страшко Симонов“ во Куманово, Љ.П. со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, при што го одзел дневниот промет од 19.500 денари. Другите две лица, М.А. и Д.Е. со патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки го чекале Љ.П. пред маркетот. Откако го извршил разбојништвото, сите заедно побегнале од местото. Настанот во Полициската станица Куманово, го пријавила С.Н. (38) од Куманово – одговорно лице во маркетот.

По овластување од јавен обвинител, извршен е увид и започната е потрага по сторителот и неговите помагачи. По преземените мерки, истиот ден во просториите на СВР Куманово биле приведени Љ.П., М.А. и Д.Е..

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им e одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари