ВИДЕО: Пратеникот Арнаудов влезе на распит во Кривичен

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов влезе на распит во Кривичниот суд.

Тој пред да влезе се срдечно се поздрави со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се наоѓаат пред влезот на Судот.

Од спореден влез на Судот, најверојатно влезе и пратеникот и екс министер за земјоделство, Љупчо Димовски.

По исказот на 6-те осомничени пратеници, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски, Судот ќе решава дали ќе им одреди мерка притвор.

Тие се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски