Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ е заеднички интерес

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Република Естонија оствари бројни средби со високи претставници на земјата меѓу кои и со Клен Јарац, директор на канцеларијата за европски прашања при Владата на Република Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група помеѓу Република Македонија и Република Естонија.

На средбите беа отворени темите за билатералната соработка меѓу Македонија и Естонија, регионалната соработка во рамки на земјите од Западен Балкан, како и проширувањето на Европската унија со земјите од регионот. Посебен акцент беше ставен на соработката на националните парламенти во рамки на парламентарната група помеѓу Р. Македонија и Р. Естонија како и на унапредувањето на односите помеѓу двете земји.

Во рамки на средбите Вицепремиерот Османи ги потенцираше добрите билатерални односи кои се во насока на поддршка за нашите евроинтегративни процеси од страна на Естонија. Османи ја потенцираше новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата Влада во Македонија, а која граѓаните ја потврдија и на последните локални избори. “2018 година претставува историска година за Република Македонија по прашањето на нашите интеграции и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Естонија“ истакна Османи.

На средбите беа отворени и прашањата за справувањето со европските предизвици, како што се лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, геополитичко влијание од Исток, предизвиците на мигрантската криза итн.

Беше констатирано дека сите регионални и европски предизвици на Балканот треба да се решаваат во насока на европските вредности, и најдобро, со засилување на европските перспективи на регионот, како и со задржување на кредибилноста на процесот на проширување. За време на разговорите заеднички беше констатирано дека улогата на националните парламенти и Европскиот парламент е од клучно значење за процесот на проширување и за новите политички реформи на ЕУ.

Претходно, во рамки на својата работна посета на Естонија, Вицепремиерот Османи оствари средба и со Министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски