ВИДЕО: Пешевска и Тарчуловски пристигнаа на распит во Кривичен

Од:

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски, пристигнаа во Кривичниот суд на распит, каде што пред судиите на претходна постапка ќе дадат исказ за случувањата во Собранието, на 27 април.

Тарчуловски и Пешевска, пред да влезат, срдечно се поздравија со своите семејства и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа пред Судот.

На пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски во петокот Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот.

Известувањето за одземениот имунитет до Кривичниот суд од Собранието пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Судот решава дали ќе им се одреди притвор на пратениците.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски