Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на конференцијата „Квалитетно образование – за раст и развој, успех и подобра иднина” ќе има воведно обраќање на тема „Темел за успех на училиште и во животот – важноста на образованието во раното детство”.
Конференцијата е организирана под водство на Владата на РМ, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ.