ДИК утре на јавна седница ќе расправа дали да ги врати бонусите за изборите

Од:

„Одлуките за надоместок на изборната администрација се носени врз основа на одговорноста, сложеноста и обемот на работните задачи и врз основа на извештаите за работа на избората администрација“, соопшти ДИК по реакциите во јавноста за исплатата на бонуси на изборната администрација.

Според ДИК, одлуките за надоместок се донесени согласно Закон и врз основа на позитивните законски прописи, меѓутоа поради повикот на јавноста, членовите на Државната изборна комисија утре на јавна седница ќе расправаат по предлог-одлуката за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.

„Претседателот и членовите на изборните органи, функцијата ја вршат непристрасно, совесно и одговорно, согласно надлежностите утврдени со Изборниот законик и другите позитивни прописи. Претседателот и членовите на изборните органи и изборната администрација имаат право на надоместок согласно член 19 од Изборниот законик што се утврдува со акт што го донесува Државната изборна комисија. Ова право е утврдено за вработените во Државна изборна комисија од 2006 година, а за членовите на Државната изборна комисија од 2014 година. Правилникот за утврдување на критериумите за исплата на надоместокот на изборните органи е донесен по распишување на изборите во согласност со определениот буџет одобрен од страна на Собрание на Република Македонија и истиот е објавен на страната на Државната изборна комисија“, соопшти ДИК.

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска обелодени дека членовите на ДИК по локалните изборите поделиле бонуси во износ од четири месечни плати, додека за предвремените парламентарни избори минатата година си поделиле бонуси во висина од пет месечни плати.

„Едногласно било изгласано во Комисијата, без разлика на партија или етничка припадност. И персоналот вработен во Комисијата добил помали бонуси. Но гласањето се одржало зад затворени врати, надвор од очите на јавноста“, рече Бејли.Тој праша зошто луѓето го премолчуваат ова и каде биле собраниските алатки за надзор на работата врз ДИК.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино