(ВИДЕО) Зорица Чавкова: Татко ми не е терорист, се гордеам со моето презиме

Од:

Мојот татко не е терорист, горда сум на него и на моето презиме, изјави Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна бебедност, Митко Чавков, кој се наоѓа во притвор.

„Мојот татко не е терорист, се бореше за безбедноста на државата. Не се терористи ниту Борис Дамовски, ниту Игор Дурловски , ниту Богдан Илиески, ниту останатите притворени. Ја сретнав мајката на Борис Дамовски во затворот во Шутка, не знае ни дали е добар, не ѝ дозволија ни да му ги достави најнеопходните работи“, рече Чавкова.

Таа рече дека таа и нејзините најблиски и семејствата на другите притворени ќе се борат секој ден за, како што рече, цел свет да дознае како се третираат нашите патриоти.

„Мојот татко Митко Чавков и останатите немаат ништо сторено, освен што се виновни бидејќи ја сакаа Македонија. Се гордеам со моето презиме, со мојот татко и не се срамам. Единствено што најдоа во нашиот дом беа телефонот и службениот пиштол. Зарем тоа е најголемиот доказ за да докажат дека е терорист. Зарем телефоните на кој било од приведените се најопасното оружје и доказ за да ги третираат како терористи?“, праша Чавкова од протестот пред Влада.

К.Л.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ