Корисниците на услугите на Дневниот центар „Порака Наша“ денеска во Куманово во трговскиот центар делеа календари кои самите ги изработија за наредната година. Целта на оваа активност е да се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
– „Порака Наша“ заедно со корисниците и родителите на лицата со попреченост на граѓаните на град Куманово им подари Календар „Заедно цела година“, кој го осмисливме сами и со кој на корисниците покажаа што претставува Дневниот центар и „Порака Наша“, кои се нашите активности, потреби и желби, изјави Фросина Симоновска, од „Порака Наша“,
Корисниците на овој начин порачаа дека и лицата со попреченост можат да придонесат во заедницата.