Институт за дефектологија при Филозофски факултет од Скопје како дел од активностите по повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност организира голема работилница за изработка на новогодишни честитки.
На идеја на професорите од Институт, годинава Филозофски факултет самостојно ќе ги изработува новогодишните честитки за своите соработници.
Работилницата ќе се одржи од 12 до 4 часот во Сити мол.
Настанот го подржуваат Амбасада на Република Бугарија, Оне.Вип и Пертини тојс.