Николовски: Се следи ситуацијата со дождот и неговото влијание врз земјоделството

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ја следат ситуацијата со обилните дождови и нивното влијание врз земјоделството и доколку се добијат соодветни сознанија, ќе се преземат сите процедури.

– Во постојан контакт сме со УХРМ. Досега немаме добиено официјални потврди за климатски настани коишто се причинители за одредени штети во земјоделскиот сектор. Ја следиме состојбата и Министерството за земјоделство и УХРМ веднаш штом ќе добијат соодветни сознанија односно официјални потврди, ќе ги покренат сите процедури што се во наша надлежност, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Предлог-буџетот за земјоделство за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава