Интересен фил за баклава …
Потребно е:
500 гр кори за пита
за шербетот:
500 гр шеќер
600 мл вода
1 лимон
за филот од тиква:
1 кг изрендана тиква (на крупната страна од рендето)
150 гр брашно од кокос
4 кесички ванилин шеќер
за премачкување на корите:
100 гр кокосово масло или путер
Подготовка:
– Измијте ја тиквата убаво и после излупете ја и исчистете ја од семките. Исечете ја на парчиња и изрендајте ја на крупно ренде.
– Сварете го шербетот. Во сад на рингла сипете ја водата, шеќерот и лимонот. Кога ќе почне да врие оставете го да врие 15-тина минути за да добиете погуст шербет. Оставете да се излади.
– Растопете го кокосовото масло или путерот. Премачкајте ја тавата и ставете ја првата кора и премачкајте ја со маснотијата. На истиот начин ставете уште две кори. Сега на третата кора ставете од филот со тиква и посипете со кокосово брашно кое претходно сте го измешале со ванилиниот шеќер. Сега почнете повторно со редење на корите, се по три. Овде одат 4 слоеви кори и 3 слоеви фил.
– Така наредената баклава исечете ја на коцки, а секоја коцка дијагонално на половина. На тој начин од една коцка ќе добиете два триаголника.
– Баклавата печете ја во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 1 час.
– Печената баклава уште врела прелијте ја со изладениот шербет. Оставете да отстои преку ноќ за да се впие убаво шербетот.
– По желба во филот може да ставите малку изрендана кора од портокал или малку цимет.