Почна процесот за унапредување на наставата по граѓанското образование во училиштата

Од:

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование почнаа со активности за унапредување на наставата по граѓанското образование во основното и средното образование во Република Македонија.

За таа цел, формиран е стручен тим кој ќе работи на концепт за унапредување на наставата по граѓанско образование во основно и средно образование и ќе даде насоки и поддршка на работните групи во изработката на наставните програми.

Првата средба на стручниот тим се одржа вчера во Министерството за образование и наука, каде што министерката за образование и наука, Рената Дескоска, ја истакна важноста од почнувањето на овој процес кој ќе ги зајакне содржините во предметите по граѓанско образование, но ќе овозможи и предлози за меѓупредметната примена на граѓанското образование. Министерката Дескоска посочи дека учениците треба да го практикуваат знаењето преку наставни и воннаставни активности со зајакнување на граѓанската култура и демократското однесување.

Стручниот тим е составен од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, наставници, универзитетски професор и претставници на граѓанскиот сектор.

Процесот е поддржан од УСАИД (Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образование) и Детската фондација Песталоци, Швајцарија (Проект за јакнење на мултиетничката соработка во општините).

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски