27 април беше многу тежок ден за нашата демократија, за нашата држава во целина. Тежок ден за кредибилноста на сите нас. Тие сцени никогаш да не се повторат. Сите сносиме одговорност, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пред да започне гласањето за имунитетот на обвинетите пратеници.
-Денешната седница нека не зајакне уште повеќе во нашиот пат кон некорумпирано судство, здрави меѓуетнички односи, рече Груби.
Тој додаде дека од секое страдање треба да се извлече поука и дека ова треба да се претвори во сила за државата да оди напред во една вистинска демократија.
Виктор Јованов