А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Три лица од куќен ќе бидат пренесени во притвор во затворот во Шуто Оризари

by А1он01/12/2017 - 10:54191
Share0

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 прифати дел од жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за тројца обвинети за упадот во Собранието на 27 април на кои им беше определен куќен притвор, го преиначи решението и им определи затворски притвор.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Кривичниот совет постапувајќи по жалби поднесени од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што уважен е предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор и против осомничените М.П., Г.Ѓ. и Е.Д.Б., определена е мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Судот.

Од таму наведуваат дека во однос на останатите жалби поднесени од странките против решенијата на судија на претходна постапка, откако ќе се произнесе Кривичниот совет и ќе бидат изготвени решенијата, јавноста ќе биде дополнително известена.

Кривичниот суд определи куќен притвор за вкупно 6 лица кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните на 27 април во Собранието. Меѓу нив се актерот Владо Јовановски и Борис Дамовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 16 лица, пак, им определи затворски притвор од 30 дена.

Под истрага за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се вкупно 36 лица.

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто