Хрватскиот генерал Слободан Праљак, кој драматично се самоуби во Хашкиот трибунал додека му беше изрекувана пресудата, оставил проштално писмо во кое бара да биде кремиран и пепелта да биде растурена по гробиштата Мирогој.
Според „Вечерњи лист“, генералот Праљак го испратил писмото до своето семејство пред две години, и порачал тоа да се отвори во случај на негова смрт.
Весникот пишува дека генералот две години се подготвувал за самоубиство, но не го информирал семејството за тоа.