Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Не даваме легитимитет на одлуката за симнување на имунитетите

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешната денешната одлука на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања не е базирана на факти и аргументи, туку на желбата за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и кон многу граѓани.

– Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот. Пораката што СДСМ ја прати со денешната одлука на партиската Комисија за мандатно-имунитетни прашања е дека СДСМ не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него, стои во соопштението. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, што посочуваат од таму, не сака да дава легитимитет на овие противуставни одлуки.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, според нив, го премолче и го аминуваше прекршувањето на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.

– СДСМ сака да не постои опозиција во Република Македонија, ниту во Собранието, ниту надвор од него. Тие се спреми да го прекршат Уставот, законите, Деловникот, да ги загрозат основните човекови права, да го нарушат достоинствот и честа на сите кои не мислат како нив. На СДСМ не и приоритет ништо освен политички реваншизам, се посочува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања