Презентирана физибилити анализата на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопско

Од:

„Физибилити анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот регион“ е името на студијата која Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а која денеска беше презентирана пред јавноста.

На презентацијата на овој значаен документ присуствуваа Претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, како и претставнци од скопските општини, јавните градски претпријатија, министерствата и научните институции, невладини организации и граѓани.

– Градот Скопје почнува нова пракса во начинот на работењето, во смисла на споделување на резултатите од научните студии со јавноста. Скопје е град за кој природните катастрофи не се непознати, а дел од нив се последица и на климатските промени, предизвикани од човечкиот фактор. Токму затоа, како вовед во денешнава презентација сакам да потенцирам дека Градот Скопје и УНДП во декември 2014 година почнаа заедничка реализација на проектот за зголемување на урбаната отпорност на природни катастрофи и климатски промени, со примена на информатичка технологија, кој се уште е активен. Резултатите од проектот се воочливи, високо котирани и се многу важни за Градот Скопје – рече пред присутните Љубица Јанчева, претседателот на Советот на Град Скопје.

Јанчева објасни дека предмет на денешнава работилница е „Физибилити анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот регион“, изработена од Град Скопје, во соработка со УНДП, во рамки на проектот „Зголемување на урбаната отпорност со примена на информатички технологии за намалување на ризиците од катастрофи и климатски промени. Во анализата, рече таа, се сублимирани сите активности, анализи и моделирања во делот на поплавите во секторот води, во Стратегијата за климатски промени и по поплавите во септември 2016, како последица од поројните води на Скопска Црна Гора.

– Градот Скопје е наш заеднички град. Токму поради тоа, треба сите заедно да дејствуваме и да работиме за негово приспособување, а Град Скопје е подготвен да ја преземе лидерската улога за сите проекти што во иднина треба да се развиваат и да се реализираат – нагласи Јанчева.

Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, објасни дека темата со поплавите кај нас стана особено актуелна по поплавите во 2015 година и по минатогодишната поплава во Скопје. Според Винтон, систематски треба да се работи на намалување на ризиците од поплавите имајќи го предвид пред се доброто и безбедноста на луѓето, зашто алармот од климатските промени е веќе вклучен.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје