Обвинетите за упадот во Собранието се жалат на притворите

Од:

Дел од адвокатите кои ги бранат обвинетите поднеле жалба до кривичниот совет за притворите.

Од Кривичниот суд за „Макфакс“ велат дека сè уште течат роковите во кои странките може да поднесат жалба на решението на судија на претходна постапка.

Роковите за секое поединечно решение, односно за секое лице се индивидуални и рокот од 24 часа почнува да тече откако странките, односно, со оглед на тоа дека се работи за претворски предмет, обвинителството и одбраната ги примат решенијата.

„Кога жалбите ќе пристигнат во судот, се доставуваат на надлежно постапување кај Кривичниот совет кој има рок од 48 часа да донесе одлука. Зависно од тоа кога ќе се комплетираат предметите, советот ќе донесе одлука и ќе може да информира за бројот на предмети и донесените одлуки“, велат од Кривичниот суд.

В.М.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски