Ќе се решава за имунитетот на пратенците

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, барањата за одобрување на притвор на пратениците инволвирани во настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

„Согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, ги достави до комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28.11.2017 година“.

Неофицијално седницата на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања ќе се одржи околу пладне.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%