Костовски: Власта како во време комунистичко малтретира се околу себе

Од:

Нашите браќа и сестри кои тргнаа да го бранат идентитетот и интегритетот на Република Македонија, сега ги нарекуваат терористи. Како во време комунистичко власта малтретира се околу себе, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека за време на локалните избори, кога се кандидираше за градоначалник во Бутел, бил обесправен, како и сега, до максимум.

– Оваа влада не знае едно нешто, а тоа е дека македонскиот народ се бори се додека не победи. Ќе останеме тука до крај, се додека не се ослободат нашите браќа и сестри, рече Костовски.

Пред почетокот на неговиот говор, Костовски заедно со толпата ја испеа химната на Република Македонија и песната „Едно име имаме“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски