Камбовски и Старделов: Одлуката на БПЦ чекор во добра насока

Од:

Одлуката на БПЦ да се застапува пред другите помесни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква е чекор во добра насока, сметаат академиците Владо Камбовски и Георги Старделов.

– Сестринки цркви да соработуваат, тоа е добар знак, еднаш да се излезе од оваа заробеност на МПЦ. Секој и најмал знак на признавање, очигледно ова е признавање затоа што, штом ви го прифатат барањето и сериозно се однесуваат кон едно такво барање сигурно е еден знак на признавање. Сега дали во канонска смисла до крај е тоа изведено како признавање тоа не знам, но во секој случај тоа е еден позитивен чекор, вели академик Камбовски во изјавата за новинарите дадена по промоцијата на VI том од Собраните дела на академик Цветан Грозданов во МАНУ.

Тој посочи дека верува во искреноста на владиците како богоугодни луѓе кои не би требало да се неискрени, посебно во хиерархијата на двете цркви, бидејќи, вели, нивните одлуки влијаат врз сите верници.

Според академик Старделов пак, прво треба да се анализираат последиците во иднина што ќе ги предизвикаат овие црковни релации.

– Нашето македонско време е секогаш згуснато во некои контрадикции. Дали ќе излеземе и од овие контрадикции на добар пат, јас сепак се надевам зашто надежта последна умира, вели академик Старделов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент