Петровски: Нема да го признаеме Судот доколку има недемократска процедура

Од:

Во Република Македонија владее хунта и хунтата само на сила се соборува и ние ќе ја собориме на улица, рече пред граѓаните кои протестираат пред Судот, поранешниот директор на Архивот на Република Македонија, Филип Петровски.

Тој побара ВМРО-ДПМНЕ да консолидира и радикализира.

– Ги повикувам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ и сите месни комитети да се сплотат, да поставиме шатори овде пред Судот и пред Влада. Ќе има отпор од Македонците, рече Петровски.

Тој најави дека нема да го признаат Судот и тоа што Судот го прави доколку има недемократска процедура.

– На 27 април влеговме во Собранието да ја одбраниме државата од државниот удар кој го направи партијата која што сега е на власт, рече Петровски.

Тој рече дека сите граѓани заспале во Македонија, а се разбудиле во Белорусија и дека ова што го прави СДСМ и Зоран Заев е режим.

Петровски исто така ја повика најголемата опозициска партија да се повлече од Парламентот и сите останати институции.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски