Пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура изјави дека сириската влада испратила писмо до ОН во кое соопштиле дека нивната делегација нема да пристигне во Женева за новиот круг мировни преговори, кој почнува утре.
– Владата уште не го потврдила своето учество на преговорите, изјави Де Мистура истакнувајќи дека ОН не прифаќа никакви предуслови за учество во преговорите, ниту од Владата, ниту од опозицијата на Сирија.
Мастура кажа дека очекува делегацијата на сириската влада да пристигне во Женева во најбрзо можно време. Тој најави дека утре во Женева ќе се одржи заседание за Сирија на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН по иницијатива на Франција.