Папата Франциско пристигна во Мјанмар

Од:

Папата Франциско пристигна денеска во Јангон, економската престолнина на Мјанмар, држава населена претежно со будисти. Тоа е прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на таа земја.

Околу 30 илјади следбеници со портрети на папата Францис и со пораки на рацете беа наредени покрај патот што води од аеродромот до резиденцијата на архиепископот, каде што ќе биде сместен папата пред утре да продолжи кон престолнината Најпидау.

Само 700.000 од 51-милионското население во Мјанмар се католици. Илјадници патуваа со возови и автобуси од целата земја до Јангон за да го видат папата.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска