Да се сноси одговорност за луѓето, за Репбуликата, пред Севишниот и пред раководството на државата е многу тешко, изјави чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.
Тој најави дека сака да ја напушти претседателската функција, бидејќи дошло време за промени во Чеченија.
Според него тој ја завршил неговата работа да воведе ред во регионот и сега е време да напушти и ги отфрли тврдењата дека е уморен и дека не сака повеќе да работи.
– Сега имеме ред и просперитет. Мислам дека е време за промени во Република Чеченија, изјави чеченскиот претседател.
Кадиров смета дека следниот претседател треба да избран од руското раководство и народот и нагласи дека има неколкумина што совршено би ја извршувале функцијата.
Тој е претседател на Чеченија од февруари 2007 година, а претходно беше и премиер. Кадиров е син на првиот чеченски претседател Ахмад Кадиров.