Бутарис за „Куриер“: Заев нема националистички идеи како Груевски и сака компромис за името

Од:

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој што неодамна беше во посета на Македонија, за време на неговата посета на Виена дава интервју за австриски „Куриер“, а новинарката пишува дека тој е ангажиран и за решавање на долгогодишниот спорт меѓу двете соседни земји.

-Новиот претседател на владата Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Заев сака компромис за името: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш не би го прифатила името Република Македонија, вели солунскиот градоначалник за австрискиот весник.

Како што пишува „Куриер“ Бутарис смета дека со решението за името би се отворил патот на Македонија кон НАТО и дека Македонија би можела да најде нов идентитет за самата земја и за нејзните граѓани.

Претходно, на пратеничко прашање од опозициската Нова демократија, Бутарис преку писмено прашање објасни дека општина Солун, не води надворешно политика и дека поддржува сложено име за Македонија.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција