Помош за растерувањето на исламистичките демонстранти денеска владата на Пакистан побара од армијата.
Демонстрантите веќе две недели го блокираат сообраќајот во Исламабад.
– Ја повикавме Амијата да ги поврати законот и нормалната ситуација во главниот град, соопшти пакистанското Министерство за внатрешни работи.
Тие наведуваат дека припадниците на Армијата ќе бидат распоредени околку важни објекти, пред седиштата на правосудните органи, Парламентот и кабинетите на премиерот и претседателот, како и пред дипломатските претставништва.
Полицијата денеска се судри со демонстрантите кои протестираат поради промена на изборните закон и молитвата која секој избран претставник мора да ја даде, а е неприфатлива за исламистичките партии во Пакистан.
Неколку илјади луѓе протестираат, а водачите на движењето Техрик и Лабаик Ја Расул Алах се обвинети за организирање безредие и напади врз полицијата.