Туск: Велика Британија има уште 10 дена за исполнување на обврските

Од:

На Велика Британија им остануваат уште десет дена за да ги исполни обврските во сите три области кои се однесуваат на излезот од ЕУ, доколку Лондон сака да почне преговори за преодниот период по Брегизт, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Мораме да видиме напредок на Британија во рок од десет дена по сите прашања, вклучувајќи го и прашањето за Ирска, напиша Туск вечерва на Твитер, по состанокот со британската премиерка Тереза Меј во Брисел.

Според него можен е напредок во преговорите за Брегзит на состанокот во декември, но дека сепак е голем предизвик.

Официјален претставник на ЕУ изјави дека Меј за време на едночасовниот разговор со Туск се согласила дека 4 декември е „апсолутно краен рок“ за да се овозможи преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние да препорача премин кон наредната фаза, која се однесува на трговијата и идните односи на ЕУ и Британија.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија