Беличанец: За излез од кризата ВМРО-ДПМНЕ да го смени арогантниот однос

Од:

СДСМ утре на „мини конгрес“, ќе го гради ставот за наредните чекори во исклучително сложената политичка состојба.

Од партијата сметаат дека Македонија после „црниот понеделник“ се наоѓа пред многу сериозен тест, дали општеството конечно ќе покаже зрелост да пружи отпор на негативните тенденции за целосно згаснување на демократијата.

Од 24 декември наваму Собранието постои само на хартија, па токму затоа, според нив, по природна закономерност, недостигот на демократијата во институциите природно се слеа на улиците. Според СДСМ, овој режим повеќе нема никаков кредибилитет да гарантира дека ќе организира фер, слободни и демократски избори.

Продлабочувањето на политичката криза, според СДСМ би можело да се избегне со формирање на друг формат на Влада, без разлика како таа би се нарекла – „техничка“, „експертска“, „концентрациона“, во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.

СДСМ,според експертите, мораат да одат до крај со правење на техничка влада, која би ги прочистила изборните списоци, техничка влада која без распуштање на парламент би направила лесно и попис на населението, техничка влада, велат која би ги имплементирала забелешките на ОБСЕ/ ОДИХР .

„Ваква техничка влада ќе биде гарант за фер избори, и особено е важно министерството за внатрешни работи да не биде во рацете на власта, за да и се исфрлат сите механизми за притисоци врз граѓаните, вели аналитичарот Даме Чкатроски.

„СДСМ несмее да отстапи ,доколку отстапи сето ова може да се претвори во дебакл. Заборавете локални избори и конгреси, СДСМ ова мора да го истераат до крај.Па потоа нека одлучат какви и кога избори ќе има, вели Чкатроски.

Роберто Беличанец укажува дека за да се излезе од кризива, ВМРО ДПМНЕ ќе мора да го смени својот арогантен однос на семоќен владател во државава и да се отвори кон општеството, не само кон опозицијата туку и кон општеството.

„Тоа ќе биде многу тешко за нив и не очекувам да се случи, затоа што тоа ќе бара напуштање на механизмите на владеење кои што грижливо ги градеа со години. Опозицијата е ставена во теснец . Не гледам како и на кој начин и со која причина би се вратила во парламентот и при тоа да си го сочува образот како сериозна сила. Мислам дека ВМРО ќе организира локални избори со вградување на некои од барањата во изборниот закон, за да покаже каква таква конструктивност и да одржи минимум политички легитимитет. Опозицијата ќе се најде во ситуација да трпи внатрешни и надворешни притисоци да прифати таква опција.
Не очекувам предвремени парламентарни избори затоа што такво нешто само ќе ја зголеми нервозата“, вели Беличанец.

Очекува власта повторно да се обиде да ја истисне и занемари опозицијата како што ги занемаруваше и спинуваше протестите против полициско насилство и АМАН. Таа, вели, нема да ја смени тактиката што и до сега функционираше. Опозицијата , укажува, треба да пронајде модуси на делување кои што ќе ја одржат на сцена и ќе ја принудат власта да ја разреши кризата.

Во обид да се пресретнат одлуките на “мини конгресот” на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ на некои провладини портали ја рашири шпекулацијата дека откако СДСМ ги испорачал условите за учеството на изборите, многу брзо нашол сојузник во ДУИ. Наводно, се очекувало Али Ахмети, лидерот на ДУИ, по празниците да испрати понуда до лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, за да се договорат кои услови можат да се прифатат. На ваков чекор, Али Ахмети, наводно, се одлучил поради внатрешните судири во ДУИ, поради “лошата дружба”со ВМРО-ДПМНЕ. Доколку Црвенковски и Ахмети постигнат договор, кон него ќе се приклучат ДПА и НДП, со што ќе има вкупно 67 пратеници, што ќе биде доволно за донесување на измените на изборниот законик, пресметал еден од провладините портали.

Во СДСМ велат дека ваквите “математики” се прават во штабот на Груевски.

“СДСМ нема да отстапи од својот став дека на избори ќе се оди само ако се создадат услови натпреварот да биде фер и демократски. Никој во опозицијата не сака да прифати да оди на избори кои ДПМНЕ ќе ги добие со сила, со притисоци, со државни пари за партиска пропаганда, како во 2011 година“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Предраг Петровиќ

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Мисердовска: СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево, гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

А1он