Симпозиум за балканскиот фолклор со 65 учесници

Од:

Шеесет и пет проучувачи на фолклорот, од кои една третина од странство (Бугарија, Русија, Косово, Полска, Грција, Србија) денеска и утре учествуваат на 19. Меѓународен симпозиум за балкански фолклор на тема „Традиција и современост во фолклорот на балканските народи“ кој го организира Институтот за фолклор „Марко Цепенков“од Скопје.

– Карактеристика на овој симпозиум е она по што е познат Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а тоа е мултидисциплинарниот пристап во истражувањата, што секако ќе најде одраз во рефератите што овие два дена ќе бидат презентирани овде. Преку нив ќе се обидеме да одговориме на прашањето на кој начин традицијата и современоста се преплетуваат, колку влијаат една на друга, но и како ние денес ја доживуваме традицијата, на кој начин и се навраќаме како научници и го препрочитуваме минатото, следејќи ги барањата на современата наука, рече на отворањето на дводневниот симпозиум Катерина Петровска-Кузманова, претседател на организацискиот одбор.

До 2008 година симпозиумот се одржуваше во Охрид, а од минатата година во Скопје. Рефератите се објавуваат во списанието „Македонски фолклор“ кое, како и Институтот „Марко Цепенков“ идната година ќе одбележи 50 години постоење.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска