Според индексот на набавка во економијата на лондонскиот институт Маркит, економијата на еврозоната е на пат кон постигнување најдобри резултати од почетокот на 2011 година.
Индексот кој мери деловни активности во услужните сектори, за ноември изнесувал 57,5 поени, во споредба со 56 од претходниот месец. Секоја вредност над 50 укажува на раст, а висината на индексот е на највисоко ниво од април 2011 година.
Според Крис Вилијамсон, главниот економист на Маркит економскиот раст во еврозоната во четвртиот квартал ќе биде 0,8 отсто додавајќи дека ова ќе биде најдобра година во деценијата.