Пекара во Финска ќе започне со продажба на првиот леб базиран на инсекти. За правење на лебот пекарата ќе користи брашно од сушени и сомелени штурци покрај обично брашно.
– На клиентите им нудиме добар извор на протеини и можност за да се запознаат со храна базирана на инсекти, изјави Јухани Сибаков од пекарата „Фазер“.
Според пекарата, Финците сакаат нови работи, а лебот ќе биде многу вкусен и свеж, со почитување на пекарските стандарди.
Финска се приклучи на земјите кои што дозволуваат инсекти да бидат користени во храна.