Поранешниот репортер на Би-Би-Си, Пол Мартин за „Индипендент“ раскажува за своите искуства со поранешниот командант на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, нарекувајќи го психопат.
Мартин, кој го интервјуираше Младиќ за време на војната во Босна и Херцговина, наведува дека воениот лидер на босанските Срби бил поинаков од другите воени злосторници кои ги запознал за врема на неговата 40-годишна кариера.
– Беше поинаков од сите други воени злосторници, кои сум ги сретнал. Немаше ниту трошка сочувство или емпатија. Тоа го видов во неговите безизразни сини очи и неговата опсесија со сопствениот живот. Беше архетипски психопат, истакнува Мартин.