(ВИДЕО) Груевски по повикот од Јанева: Ме викнаа за да се одвлече вниманието од скандалите на Заев

Од:

Ова што од СЈО го работат е незаконски, нивниот мандат е изминат и овие предистражни постапки се малтретирање на граѓаните. Но за да не излезе дека одбегнувам да дојдам, дојдов и одговорив на некои прашања кои ме прашаа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по завршување на распитот во СЈО.

– Мислам дека ова го прават за да сум тука за да давам изјава пред вас и наместо да се зборува за промена на името што го договара Заев, за непокачување на платите на лекарите, за зголемување на просечната плата, за скандалозниот договор со Бугарија, да се зборува дека јас сум бил во СЈО, рече Груевски.

Тој вели дека овие сценарија се политички наметнати за да се отргне вниманието од реалните проблеми и да се замајува јавноста како и дека сето тоа што тој работел е законски.

Предистражната постапка на СЈО за финансиски криминал со струја, Груевски не сакаше да ја коментира.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски