Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен гадоначалник на Неготино

Од:

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Неготино В.А.(54) поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на општина Неготино, на 11 јанаури 2016 година склучил договор со Г.Н. од Неготино, за проценка на данок на имот за потребите на општина Неготино, за што општината на Г.Н. и исплаќала по 10.000 денари и персонален данок месечно, без при тоа да спроведе тендерска постапка. Договорот бил со важност до 31 декември 2016 година, со што, пријавениот, го оштетил буџетот на општина Неготино за 132.000 денари.

Пријавениот не извршил исплата за надоместок за одржана седница на 12 советници, кои биле присутни на седницата одржана на 1 март 2013 година, додека исплатил надоместок само на двајца советници во износ од 9.723 денари.

В.А. спротивно на Законот за образование, овозможил В.Ј. да ја извршува функција – вршител на должност директор на ООУ “Гоце Делчев“ – Неготино од 24 септември 2012 година до 18 ноември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он