Средба Заев – Бабиќ: Заеднички заложби за заеднички напредок на државите од регионот во евроинтеграциите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Лепа Бабиќ, амбасадорка на Босна и Херцеговина во Република Македонија.

Потврдени се заложбите на Република Македонија и на Босна и Херцеговина за унапредување на меѓусебната соработка и за заеднички напредок во евроинтегративните процеси, што беше разговарано и при скорешната посета на владина делегација од Македонија, предводена од премиерот Заев, на Сараево.

Заеднички е констатирано дека е од голема важност, земјите од целиот регион, да добијат позитивни препораки во настојувањата кон евроинтеграциите.

„Владата на Република Македонија работи на реформскиот процес, на доброседски односи и се заложува за европски перспективи на целиот регион“, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за конкретни исчекори во интензивирањето на соработката меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, како што е организирање заедничка владина седница и унапредување на односите во областа на економијата, образованието, туризмот.

Констатирано е дека спогодбата за признавање на возачките дозволи меѓу двете земји, како и претстојното овозможување на граѓаните на двете држави да патуваат со лични карти, значително ќе ја олесни комуникацијата меѓу граѓаните и меѓу ресорската соработка, што се очекува да дава побрзи и повидливи резултати од интерес на потребите на граѓаните и на двете држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски