Манчевски: Медиумските работници, а не Владата да бидат моторот на реформите

Од:

Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Ние како Влада единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие сметаат дека треба да се донесе, изјави Манчевски на отворањето на денешната 13. Меѓународна конференција „Е-општество“.

Посочи дека тие како Влада се тука за нив да ги чујат потребите за какви било измени, но посочи дека дебатата за тоа не треба да трае до недоглед. Дебатата како дебата е корисна, но треба да се движиме и кон донесување на одлуки и решенија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски