Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со иранскиот колега Хасан Рохани и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што истакна дека е важно Либан да има стабилност, соопшти Елисејската палата.
– Францускиот претседател разговараше со иранскиот претседател Хасан Рохани и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за регионални проблеми, меѓу кои и Либан. Претседателот потсети на потребата да се зачуваат стабилноста и суверенитетот на Либан и да се поддржи либанската политика на неучество во регионалните конфликти, соопшти официјален Париз.