Во СЕХА Газпром лигата македонското дерби меѓу Вардар и Металург е закажано за 9 декември во СЦ „Јане Сандански”.
Почеток на натпреварот е во 20 часот и 45 минути.
На првиот меѓусебен дуел оваа сезона во СЕХА лигата, Вардар победи во „Борис Трајковски” со 32:23.
„Црвено-црните” се лидери на табелата во СЕХА лигата со максимални седум победи, додека Металург е на седмата позиција со две победи и пет порази.