Бранувања во ДУИ: Мерко за градоначалник или бојкот на изборите

Од:

Неколку локални подограноци на ДУИ во Струга писмено го предупредиле лидерот на партијата, Али Ахмети дека ако не го кандидара Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, ќе ги бојкотираат престојните локални избори.

Тие во своето писмо го потсетиле Ахмети, дека Мерко бил предложен од 40 подограноци, за разлика од Арбен Лабуништи кој имал само три номинации и оти одговорноста за евентуалниот пораз на престојните локални избори кои ќе се одржат во март годинава нема да падне на нив.

Тие напишаа дека со Рамиз Мерко била сигурна победата на изборите. На писмото кое е испратено стојат потписи од неколку локални подограноци. Функционери од партијата во Струга ваквата ситуација ја толкуваат како последен обид на Мерко преку локалните подограноци на огранокот на ДУИ во Струга каде тој е претседател да издејствува да биде кандидат на ДУИ иако знае дека тоа ќе биде многу тешко, после првичната одлука Лабуништи да влезе во градоначалничката трка за Струга.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори