Запечено пилешко со зеленчук

Од:

Комбинација на зеленчуци со сочно пилешко …

Потребно е:
600 гр откостени надкопани
1 главица кромид
1 чешне лук
2 црвени пиперки
2 зелени пиперки
1 тиквичка
1 поголем компир
1 чаша грашок
1 лажица пире од домати
2 лажици маслиново масло
сол, бибер
мелена црвена пиперка

Подготовка:
– Во подлабока тава на загреано маслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид и изгмечениот лук.

– Додадете ги пиперките исецкани на коцкички и динстајте неколку минути.

– Потоа додадете го и пилешкото месо исечено на парчиња. Поклопете ја тавата и динстајте на средна температура додека да испари целата течност. Потоа додадете го пирето од домати и убаво измешајте.

– На крај додадете ги тиквичката и компирот исецкани на коцки. Измешајте и сипете 400 мл врела вода. Зачинете со сол и бибер.

– Целата содржина од тавата сипете ја во огноотпорна тава за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да омекне компирот и убаво да се запече.

– Послужете со сварен ориз или пире од компири.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска