ВИДЕО: „Јадран филм“ преку Јутјуб ја претстави забранетата сцена од серијата „Македонија“

Од:

Во моментот кога договорот со „Јадран филм“ е прекинат и отворена е предистражна постапка за тоа каде завршиле 1,2 милиони евра за првата сезона, од продукцијата денеска презентираа забранета сцена од серијата „Македонија“.

„После фантастичниот успех на трејлерот на серијата и огромен број на позитивните критики од сите сегменти на македонското општество и од сите страни на политичкиот спектар, дојде време за нова фаза во која се претставува една од сцените на серијата и тоа оние забранетите. За сите вас драги гледачи, следат и нови сцени, со кои ќе Ве воведеме во серијата Македонија“, пишува во соопштението на продукцијата.

Овој линк до Јутјуб како и минатиот од трејлерот се начин на кој продуцентот сака да докаже дека серијата постои, но не е јасно зошто истата со цели 14 епизоди од првата сезона за кои Македонија плати 1,2 милиони евра како што се законските обврски не доставила копија до Агенцијата за филм.

Пракса е прикажување вообичаено да се врши откако е договорена дистрибуцијата односно прикажувањето на серијата и тука е главниот момент околу кој спорат Агенцијата за филм и продукцијата „Јадран филм“.

Агенцијата за филм, односно в.д. директорот Горјан Тозија и „Јадран филм“ во изминативе една недела полемизираат преку медиумите по одлуката на владата, договорот за серијата „Македонија“ да биде раскинат поради констатирани нерегуларности за што се води предистражна постапка во обвинителство и финансиската полиција.

Од „Јадран филм“ тврдат дека материјал од серијата има и дека е снимена, но досега го презентираа сам трејлерот и 49 секунди од како што велат „забранетата сцена“.

Би можело да ве интересира

Првообвинетата во милионскиот скандал за фантомската серија „Македонија“ добила нови 180.000 денари од државата

Ана Василевска

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Скандал „Македонија“: Кривична за Мими Ѓоргоска-Илиевска ја оштетила државата за 68 милиони денари

Наум Локоски

ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

Ана Ололовска

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски

Ќе се спроведе истрага за серијата „Македонија“, продуцентите ќе треба да ги вратат парите

Ана Ололовска