Обид за атентат врз претседателот на либискиот Парламент

Од:

Претседателот на либискиот Парламент Мохамед ел-Магариф изјави во интервју за либиската државна телевизија дека непозната група напаѓачи се обидела да изврши атентат врз него додека престојувал во посета на градот Себха пред два дена.

Тој истакна дека групата отворила оган врз хотелот во кој престојувал и неговото обезбедување било приморано да одговори на нападот.

Во престрелката биле повредени тројца припадници на обезбедување на Магариф, а истрагата за обидот за атентат е во тек.

Градот Себха бил упориште на последните судири меѓу провладините сили и оние кои му биле лојални на претходниот режим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски