Заврши вакцинацијата против грип во Крива Паланка и Ранковце, досега еден заболен

Од:

Вакцинацијата против сезонски грип на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце е завршена, а досега, според информациите од Подрачната единица на Хигиено – епидемиолошката служба на Центар за јавно здравје, Крива Паланка, регистриран е само еден случај на на грип.

– Вакцинацијата против сезонски грип како специфична мерка за заштита од грип најчесто ја применуваат хронично-болните лица. Годинава дадени се вкупно 250 дози вакцина, од кои првично добивме 200 дози, па поради големиот интерес кај граѓаните, направен е дотур од дополнително, уште педесет, кои беа дадени за само два дена, изјави доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка