Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира повисоки водостои во однос на просекот за ноември на Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на Брегалница кај Берово.
Значително е зголемен водостојот на Дојранското езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се во рамки на просекот.
Под просекот за ноември се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива река кај Крива Паланка, Црна река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.