Адвокатот на разрешениот претседател на каталонската влада, Карлес Пуџдемон изјави дека белгискиот судија не донел одлука за европскиот налог за апсење на Пуџдемон.
Одлуката за случајот ќе биде донесена следниот месец и покрај барањето на белгискиот обвинител налогот да биде спроведен.
Пуџдемон се наоѓа во Белгија заедно со уште четворица каталонски министри и тој се предаде на белгиските власти на 5 ноември, но беше условно ослободен без право да ја напушти Белгија.