Столтенберг се извини на Турција поради претставувањето на Ататурк и Ердоган како непријатели

Од:

Четириесетина турски војници и офицери кои што учествуваа на воената вежба на НАТО во Норвешка се повлекоа во знак на протест откако во материјалот што бил подготвен за вежбата, името на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк бил наведен како непријател.

На тоа остро реагираше и турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

– Се случи инцидент во Норвешка. Тие поставија мапа со непријатели, на која го имаше името Мустафа Кемал Ататурк и моето име, изјави Ердоган.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се извини и кажа дека се работи за грешка од страна на надворешна компанија која што била ангажирана за да ги подготви материјалите за вежбата и која изработила мапи и графикони на кои бил Ататурк претставен како непријател.

Покрај тоа, разрешен бил и еден офицер на норвешката воена морнарица, кој по потекло бил Турчин, а направил лажен профил на претседателот Ердоган на интерна социјална мрежа која што била користена од НАТО и каде што објавувал анти-НАТО коментари.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО